
104
Информации за Вашето здравје и сигурност
Повици во итни случаи
Овој телефон, како и секој друг безжичен телефон, користи
радио сигнали, безжични мрежи и мрежи по земја, како и
функции програмирани за корисникот кои не можат да
гарантираат врска во сите услови. Затоа, за важна
комуникација никогаш немојте да зависите само од некој
безжичен телефон (на пример, при итни медицински случаи
).
Имајте на ум дека за примање и упатување на повици
телефонот мора да биде вклучен и на подрачје со соодветна
јачина на сигналот. Повиците во итни случаи не се возможни
од сите мрежи на безжичната телефонија или кога се користат
некои услуги на мрежата и/или функции на телефонот.
Деталите
проверете ги кај локалниот давател на услугата.
За упатување на повик во итни случаи, направете го следното:
1.
Ако телефонот не е вклучен, вклучете го
.
2. Внесете го бројот за итни случаи, зависно од местото каде
што се наог´ате (на пример, 192, 193, 194 или друг службен
број). Тие броеви се разликуваат, зависно од тоа каде се
наог´ате.
3. Притиснете го копчето [].
Ако се вклучени некои функции (на пример, забрана на повик),
прво морате нив да ги
исклучите, а потоа можете да упатите
повик во итни случаи. Послужете се со овој прирачник и
обратите му се на локалниот давател на услугата.
Други важни информации за сигурност
• Сервисот на телефонот и неговото вградување во возило
препуштете им го само на квалифицирани лица.
Несоодветното вградување и сервис можат да бидат
опасни и да ја поништат гаранцијата што ја добивте со
апаратот
.
• Редовно проверувајте дали целата опрема за мобилниот
телефон во Вашето возило е вградена исправно и дали
правилно работи.
• Немојте да чувате или да превезувате запаливи течности,
гасови или експлозивен материјал во делот на возилото
каде се нао г´а телефонот, неговите делови или опремата.
• Кај возилата опремени со воздушно
перниче, имајте на ум
дека тоа се надувува со голема сила. Затоа немојте да
оставате предмети, ниту вградена или преносна опрема
на мобилниот телефон, во просторот над воздушното
перниче или во просторот што тоа го зафаќа кога ќе се
надуе. Ако опремата на мобилниот телефон е неправилно
вградена, а воздушното перниче
се надуе, може да дојде
до сериозни повреди.