
102
Информации за Вашето здравје и сигурност
• Искористените батерии фрлете ги во отпадоците согласно
со локалните прописи. Секогаш рециклирајте ги.
Батериите немојте да ги фрлате во оган
.
Сигурност во сообраќајот
Вашиот моболен телефон Ви дава можност за говорна
комуникација, скоро секаде и во кое било време. Ме
´
гутоа,
предностите на мобилниот телефон бараат важна одговорност
од секој корисник.
Додека управувате со возило, Вашата прва одговорност е
возењето. Кога користите мобилен телефон додека управувате
со возило, внимавајте да ги почитувате посебните прописи за
одредено подрачје или земја.
Работно окружување
Почитувајте ги сите важечки посебни прописи во кое било
подрачје и секогаш исклучете го Вашиот телефон кога постои
забрана за негово користење или кога може да предизвика
пречки или опасност.
Кога телефонот или која било дополнителна опрема
приклучувате на друг уред, прочитајте го неговиот кориснички
прирачник за да добиете детални упатства
за сигурноста.
Немојте да поврзувате некомпатибилни уреди.
Како и кај другата опрема која испраќа радио-бранови, на
корисниците им се советува дека за задоволувачка работа на
уредот и за нивна сигурност, тој треба да се користи само во
нормална положба за работа (доближен до увото со антена
насочена преку рамото).
Електронски уреди
Повеќето модерна електронска опрема е заштитена од
сигналите на радио фраквенцијата (RF). Сепак, постои и
електронска опрема која не е заштитена од сигналите на
радио фреквенцијата на Вашиот безжичен телефон. За
алтернативни решенија обратете му се на произведувачот.
Пејсмејкери (електростимулатори на срцето)
Производителите на пејсмејкери препорачуваат оддалеченост
од најмалку 15 cm (6 инчи) поме
´
гу мобилниот телефон и
пејсмејкерот, како би се избегнале можните пречки. Овие
препораки се во согласност со независно спроведените
истражувања и препораки на Wireless Technology Research.
Ако имате каква било причина за сомневање дека доаг´а до
пречки, веднаш исклучете го телефонот.