
Информации за Вашето здравје и сигурност
105
• Исклучете го телефонот пред влегувањето во авион.
Употребата на мобилните телефони во авион може да
биде опасна за функционирањето на авионот и е
противзаконска.
•
Непридржувањето кон овие правила може да доведе до
привремено одземање или забрана на телефонските
услуги, преземање на правни мерки против корисникот
или и едното и другото.
Грижа и одржување
Вашиот телефон е резултат на висок дизајн и изработка, па
така треба со него и да се постапува. Наведените упатства ќе
Ви помогнат да ги исполните обврските од гаранцијата и да го
користите телефонот во тек на долг период.
• Телефонот и дополнителната опрема чувајте ги на места
недостапни за деца.
• Настојувајте телефонот секогаш да биде сув. Врнежите,
влагата и течностите содржат минерали поради кои
електронските делови можат да кородираат.
• Немојте да го користите телефонот со влажни раце. Може
да Ви се случи струен удар или да се оштети телефонот.
• Телефонот немојте да го користите ниту да го чувате во
прашлив, валкан простор, затоа што неговите подвижни
делови можат да се оштетат.
• Немојте да го чувате телефонот на места каде е жешко.
Високите температури можат да го скратат времето на
траење на електронските уреди, да ги оштетат батериите и
да ги деформираат или растопат некои пластични делови.
• Немојте да го
чувате телефонот на места каде е ладно.
Кога телефонот ќе се загрее до својата вообичаена
работна температура, во него може да се создаде влага, а
тоа може да ги оштети неговите електронски плочки.
• Телефонот немојте да го испуштате од рака, да удирате со
него или да го тресете. Грубото ракување
може да
предизвика оштетување на внатрешните делови.
• За чистење на телефонот немојте да користите јаки
хемикалии, растворувачи или јаки детергенти.
Пребришете го со мека крпа малку навлажнета во благ
раствор на вода и сапун
.
• Немојте да го обојувате телефонот. Бојата може да ги
затне покретните делови на апаратот и да ја оневозможи
правилната работа.