Dil ID: 1
Dil Adı: english
Dil Kodu: en5 Aticio Brand's Products
Dünyanın En Büyük
Elektronik Bilgi Kütüphanesi



104104104104104
Информации за Вашето здравје и сигурност
101
Мерки на претпазливост при користење на
батериите
Никогаш немојте да користите полнач или батерии кои на
кој било начин се оштетени.
Батеријата користете ја само за наменетата цел.
Ако телефонот го користите блиску до базната станица на
мрежата, тој користи помалку енергија; врз времето на
траење на разговорот и врз времето на чекање доста
влијае јачината
на сигналот на мрежата, како и
параметрите поставени од опслужувачот на мрежата.
Времето на полнењето на батеријата зависи од тоа колку
енергија уште останало во неа, од видот на батеријата и
од полначот што се користи. Батеријата може да се полни
и празни стотина пати, но со текот на времето
ќе се
истроши. Кога времето на работа (времето на разговор и
времето на чекање) значајно ќе се намали, треба да се
набави нова батерија.
Ако сосема полната батерија не ја користите, со текот на
времето таа самата ќе се испразни.
Користете само батерии одобрени од Самсунг и полнете ги
батериите
само со полнач одобрен од Самсунг. Кога не го
користите полначот, исклучете го од струјата. Батеријата
не ја оставајте приклучена на полначот повеќе од недела
дена, затоа што преполнувањето може да го скрати
нејзиниот век на траење.
Екстремните температури ќе влијаат врз капацитетот на
полнењето на Вашата батерија: може да
се случи прво да
е потребно ладење или загревање.
Батеријата немојте да ја оставате на жешки или ладни
места, како на пример во автомобил во летни или зимски
услови, затоа што така ќе го намалите нејзиниот капацитет
и векот на траење. Секогаш настојувајте батеријата да ја
чувате на собна температура
. Телефонот со жешка или
ладна батерија можеби привремено нема да работи, дури
и кога батеријата е потполно полна. Литиум-јонските
батерии посебно се осетливи на температури пониски од 0
°C (32 °F).
Внимавајте да не дојде до краток спој на батеријата. До
случаен краток спој може да дојде кога метален предмет
(паричка, спојка
или пенкало) предизвика директен допир
помег´у + иполовите на батеријата (метални делови на
батеријата), на пример кога резервната батерија ја носите
во ќеб или во торба. Краткиот спој на половите може да ја
оштети батеријата или предметот што го предизвикал.