Dil ID: 8
Dil Adı: italy
Dil Kodu: it2tayfun Prodotti del Marchio AEG
Dünyanın En Büyük
Elektronik Bilgi Kütüphanesi



Не приклучувајте го апаратот на нови цевки
или на цевки што не се користеле долго
време. Оставете ја водата да тече неколку
минути, па дури потоа поврзете го
доводното црево.
При првата употреба на апаратот,
проверете од цревата и од споевите да не
протекува вода .
Поврзување со струја
Проверете дали апаратот е заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична струја.
Секогаш користете правилно инсталиран
приклучок за струја, обезбеден од струјни
удари.
Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжителни кабли. Постои опасност
од пожар.
Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел
за струја. Контактирајте го сервисниот
центар.
Пазете да не го оштетите приклучокот за
струја и кабелот.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
ФРЛАЊЕ НА АПАРАТОТ
1.
Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
2.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
3.
Откачете ја бравата на вратата. Ова
спречува затворање на деца или
галеничиња во апаратот. Постои
опасност од задушување (се однесува
само на апарати кои се полнат
однапред).
МАКЕДОНСКИ
33