Dil ID: 8
Dil Adı: italy
Dil Kodu: it2tayfun Prodotti del Marchio AEG
Dünyanın En Büyük
Elektronik Bilgi Kütüphanesi



БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно
прочитајте го ова упатство:
Заради Ваша лична безбедност и
безбедноста на Вашиот имот
За да и` помогнеме на околината
Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте го ова упатство со апаратот
дури и ако се селите или го дадете на друг.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат оштетување.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И
ПОМАЛКУ ВЕШТИТЕ ЛИЦА
Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност.
Сите материјали за пакување чувајте ги
вон дофат на деца. Постои опасност од
задушување или физичка повреда.
Сите детергенти чувајте ги далеку од
дофат на деца.
Држете ги децата и домашните
миленичиња подалеку од апаратот кога
вратата е отворена.
Пред да ја затворите вратата, осигурете се
дека децата и домашните миленичиња не
се во барабанот.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
Не го користете овој апарат за
професионална употреба. Овој апарат е
само за домашна употреба.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат. Постои опасност од повреда и
оштетување на апаратот.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до или на апаратот. Постои
опасност од експлозија или пожар.
Почитувајте ги безбедносните упатства од
производителот на пакувањето на
детергентот за да спречите изгореници на
очите, устата и грлото.
Осигурете се дека сте ги тргнале сите
метални предмети од алиштата за перење.
Тврдите и остри предмети може да го
оштетат апаратот.
Не го допирајте стаклото на вратата
додека е програмата е во тек. Стаклото
може да биде жешко (се однесува само на
машини кај кои полнењето е однапред).
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Исклучете го апаратот и извадете го
приклучникот од штекерот.
Не користете го уредот без филтри.
Проверете дали филтрите се правилно
монтирани. Неправилна монтажа
предизвикува протекување на вода.
МОНТАЖА
Апаратот е тежок, бидете внимателни кога
го преместувате.
Не го преместувајте Вашиот апарат без
преносните штрафови, можете да ги
оштетите внатрешните делови и да
предизвикате протекувања или дефекти.
Никогаш не монтирајте и поврзувајте
оштетен апарат.
Отстранете ги целата амбалажа и
преносните штрафови.
Внимавајте приклучокот за струја да е
изваден од штекерот за време на
монтажата.
Само квалификувано лице смее да го
поврзе апаратот со струја, водоводната
мрежа и да го монтира апаратот. Така ќе се
спречи ризик од структурно оштетување
или повреда.
Не го монтирајте и употребувајте апаратот
онаму каде што температурата е под 0 °C.
Кога го монтирате апаратот на подот,
осигурете се дека има циркулација на
воздух помеѓу апаратот и подот. Наместете
ги ногарките за да има неопходен простор
помеѓу апаратот и подот.
Поврзување на водата
Не го поврзувајте апаратот со употребени
стари црева. Користете само нови црева.
Пазете да не го оштетите цревото.
32
www.aeg.com