
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од задушување, повреда или траен инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење, да го користат
апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице
одговорно за нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте ги настрана од дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот кога тој работи или кога се
лади. Достапните делови се жешки.
• Ако апаратот има безбедносен уред за деца, Ви препорачуваме да го активирате.
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран само од квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за монтирање дадени со апаратот.
• Бидете внимателни кога го преместувате апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Не влечете го апаратот за рачката.
• Одржувајте минимална оддалеченост од другите апарати и делови.
• Уверете се дека апаратот е инсталиран под најблиските сигурносни структури.
• Страните на апаратот мора да останат во близина на апаратите или до уредите со
иста висина.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен шок.
• Секое поврзување на струја треба да биде направено од квалификуван електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата од плочката со спецификации одговараат
на напојувањето со електрична енергија. Ако не, контактирајте со електричар.
4 Безбедносни информации