1.2 Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 8 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
• Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
• Отворите за вентилација во основата не смеат да
бидат попречени од таписон, килим или било каков
покривач за под.
• Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
• Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
• Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
• Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
www.aeg.com4