
Проблем Можно решение
Фазата на центрифуга
не работи или циклусот
на перење трае
подолго од вообичаено.
• Поставете ја програмата за центрифугирање.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер. Исчистете
го филтерот доколку е потребно. Погледнете во
„Одржување и чистење“.
• Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и
повторно пуштете ја фазата на центрифугирање. Овој
проблем може да е предизвикан од проблеми со
рамнотежата.
На подот има вода.
• Проверете дали спојките на цревата за вода се
стегнати и дали протекува вода.
• Погрижете се цревото за довод на вода и цревото за
одвод на вода да не е оштетено.
• Проверете дали користите соодветен детергент и
соодветна количина од него.
Не можете да ја
отворите вратата на
апаратот.
• Проверете дали е поставена програма за перење што
завршува со вода во барабанот.
• Проверете дали е завршена програмата за перење.
• Поставете ја програмата за цедење или за
центрифугирање ако има вода во барабанот.
• Проверете дали апаратот прима електрична енергија.
• Овој проблем можеби е предизвикан од дефект на
апаратот. Стапете во контакт со Овластен сервисен
центар.
Ако треба да ја отворите вратата, ве молиме
внимателно да го прочитате „Итно отворање на
вратата”.
Апаратот прави
невообичаена бучава и
вибрира.
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Видете во „Инструкции за монтажа“.
• Проверете дали е отстранета амбалажата и/или
транспортните завртки. Видете во „Инструкции за
монтажа“.
• Додајте уште алишта во барабанот. Полнењето со
алишта можеби е премало.
Времетраењето на
програмата се
зголемува или
намалува за време на
извршувањето на
програмата.
• Функцијата ProSense може да го приспособува
времетраењето на програмата според типот и
количината на алишта за перење. Видете во „ProSense
детекција на тежина“ во поглавјето „Секојдневна
употреба“.
Резултатите од
перењето не се
задоволителни.
• Зголемете го количеството детергент или употребете
друг.
• Користете специјални производи за да ги отстраните
тврдокорните дамки пред да ги перете алиштата.
• Проверете дали сте ја поставиле точната температура.
• Намалете го полнењето со алишта.
МАКЕДОНСКИ 39