
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• Не вадете ги филтерот
додека апаратот е во
функција.
• Не чистете ја одводната
пумпа ако водата во
апаратот е жешка.
Почекајте да се излади
водата
Постапете на следниот начин за да
ја исчистите пумпата:
1. Отворете го капакот на пумпата.
2. Поставете соодветен сад под
одводната пумпа за да ја соберете
водата што истекува.
3. Стиснете ги двете рачки и
повлечете го одводниот канал
напред за да го отворите.
4. Дозволете да истече водата.
5. Кога ќе се наполни садот со вода,
вратете го одводниот канал назад
и испразнете го садот.
6. Повторете ги чекорите 4 и 5
додека не престане да истекува
вода.
7. Затворете го одводниот канал и
свртете го филтерот налево за да
го извадите.
8. Ако е потребно, извадете ги
влакненцата и предметите од
отворот на филтерот.
9. Проверете дали може да се врти
роторот на пумпата. Ако не се
врти, контактирајте со Овластен
сервисен центар.
МАКЕДОНСКИ 33