
• Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
• Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
• Внимавајте кога ја отворате
вратата на апаратот додека тој
работи. Може да се ослободи
жежок воздух.
• Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
• Не притискајте на отворената
врата.
• Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
• Внимателно отворајте ја вратата на
апаратот. Користењето на состојки
со алкохол може да предизвика
мешање на алкохол и воздух.
• Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
• За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
– не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно
на дното на апаратот.
– не ставајте алуминиумска
фолија директно на дното на
внатрешноста на апаратот.
– не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
– не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
– бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
• Обезбојувањето на емајлот или на
не'рѓосувачкиот челик нема ефект
врз работата на апаратот.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
• Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
• Ако апаратот е монтиран зад плоча
од мебел (на пр. врата) вратата не
смее да се затвора кога апаратот е
во функција. Може да се насобере
топлина и влага зад панелот на
затворениот мебел и да предизвика
оштетување на апаратот, на
куќиштето или на подот. Не
затворајте ја плочата на мебелот
додека не се излади целосно
апаратот по употреба.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
пожар или оштетување на
апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата ако се оштетени.
Стапете во контакт со Овластен
сервисен центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
инструкции на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
www.aeg.com6