
Содржина
Безбедносни информации _ _ _ _ _ _ _ 32
Контролна табла _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 33
Програми за миење садови _ _ _ _ _ _ 35
Пред првата употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ 36
Нагодување на омекнувачот на
водата _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 36
Користење на сол за машина за миење
садови _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 38
Користење на средство за
плакнење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 38
Полнење прибор за јадење и
садови _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 39
Користење на детергент _ _ _ _ _ _ _ _ 41
Одбирање и почнување програма за
миење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 42
Нега и чистење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 43
Што да сторите ако... _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 44
Технички податоци _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 45
Еколошки прашања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 45
Монтажа _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 46
Поврзување на водата _ _ _ _ _ _ _ _ _ 47
Поврзување на струјата _ _ _ _ _ _ _ _ 47
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Внимателно прочитајте го овој
прирачник, пред да го инсталирате и
да го користите уредот. Тоа е во интерес
на вашата безбедност и за да се осигури
правилна работа. Чувајте ги овие
упатства и уверете се заедно со
машината, ако ја преместувате или
продавате. Сите лица, кои го користат
уредот, мора целосно да бидат
запознаени со неговата работа и неговите
безбедносни опции.
Правилна употреба
• Апаратот е конструиран само за
домашна употреба.
• Користете го апаратот само за прибор
за домаќинство што може да се мие во
машина.
• Не ставајте растворачи во апаратот.
Опасност од експлозија.
• Ставајте ги ножевите и сите предмети
со остри врвови во корпата за прибор за
јадење со врвовите надолу. Инаку,
ставајте ги во хоризонтална положба во
горната корпа.
• Користете само специјални производи
за машини за миење садови (детергент,
сол, средство за плакнење).
• Ако ја отворите вратата додека работи
апаратот, може да излезе жешка пареа.
Опасност од изгореници на кожата.
• Не вадете садови од машината пред
крајот на програмата за миење.
• Кога ќе заврши програма за миење,
извадете го приклучникот за струја од
штекерот и затворете ја славината.
• Само овластен сервисер може да го
поправа апаратот. Користете само
оригинални резервни делови.
• Не вршете поправки самостојно за да
не дојде до повреди или оштетување на
апаратот. Секогаш јавете се на
локалниот сервисен центар.
Општа безбедност
• Лицата (вклучувајќи ги и децата) со
намалени сензорски, ментални
способности или без доволно искуство
и знаење, не смеат да го користат
уредот. Тие мора да бидат
надгледувани или упатени во работата
на уредот, од страна на лицето кое е
одговорно за нивната безбедност.
32