
• Кога ја отворате вратата, не дозволувајте апаратот да дојде во контакт со искри или
отворен оган.
• Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во,
блиску до или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на апаратот.
• За да го заштитите емајлот од оштетување или губење на бојата:
- Не ставајте огноотпорни садови или други предмети во апаратот директно на
дното.
- Не ставајте алуминиумска фолија директно на дното на апаратот.
- Не ставајте вода директно во врелиот апарат.
- Не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
- Бидете внимателни при отстранување или поставување на приборот.
• Обезбојувањето на емајлот нема ефект врз работата на апаратот. Тоа не е дефект
во смисол на гаранцијата.
• Користете длабока тава за влажни колачи. Овошните сокови предизвикуваат дамки
кои може да останат постојано.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар или оштетување на апаратот.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
• Проверете дали апаратот е ладен. Постои опасност од кршење на стаклените
плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените плочи на вратата кога се оштетени. Контактирајте
со сервисот.
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да спречите оштетување на материјалот на
површината.
• Заостанатата мрснотија или храна во апаратот може да предизвика пожар.
• Исчистете го апаратот со навлажнета мека крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни средства, сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
• Доколку користите спреј за печка, почитувајте ги безбедносните инструкции на
пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку има) со никаков тип на детергент.
Пиролитичко чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници.
6 Безбедносни информации