
Чистење на филтрите
1
C
B
A
2
3
4
5
D
6
7
8
За да ги извадите филтрите (B) и (C),
свртете ја рачката на лево и извадете ја.
Раздвојте ги филтрите (B) и (C). Измијте
ги филтрите со вода.
Извадете го филтерот (А). Измијте го
филтерот со вода.
Пред да го вратите филтерот (А) назад,
проверете дали има остатоци од храна
или нечистотија околу
работ на отворот.
Проверете дали филтерот (А) е правилно
поставен под 2 водилки (D).
Составете ги филтрите (B) и (C). Вратете
ги во филтерот (A). Свртете ја рачката
надесно додека не се заклучи.
Неправилната положба на филтрите
може да предизвика лоши резултати
при миењето и може да го оштети
апаратот.
Чистење на прскалките
Не вадете
ги прскалките.
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со тенок
шилест предмет.
Надворешно чистење
Исчистете го апаратот со навлежнета
мека крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства, сунѓери со
жица или растворувачи.
Решавање на проблеми
Машината за перење не се вклучува или
прекинува додека работи.
Пред да контактирате со сервисот,
видете ги информациите што следат за
решение на проблемот.
При некои дефекти, екранот покажува
шифри за аларм:
•
- Апаратот не се полни со вода.
•
- Апаратот не испушта вода.
26
www.zanussi.com