Dil ID: 1
Dil Adı: english
Dil Kodu: en5 Cronologic Brand's Products
Dünyanın En Büyük
Elektronik Bilgi Kütüphanesi



22222
Kористење на ова упатство
2
www.sar-tick.com
Овој производ ги исполнува релевантните
национални гранични вредности на SAR
од 2,0 W/kg. Специфичните максимални
вредности на SAR можат да се најдат во делот
за информации за SAR во овој прирачник.
Kористење на ова упатство
Ви благодариме што го купивте овој мобилен уред Samsung. Овој
уред ќе Ви обезбеди висококвалитетна мобилна комуникација
и забава основана на извонредната технологија и високите
стандарди на Samsung.
Ова упатство за корисникот е специјално направено да Ве води
низ функциите и карактеристиките на Вашиот уред.
Најпрво прочитај ме
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го
користите Вашиот уред за да се осигурите во неговата безбедна
и правилна употреба.
Описите во ова упатство се основани на основните
прилагодувања на Вашиот уред.
Сликите и сликите од екранот коишто се користени во ова
упатство можно е да се разликуваат од вистинскиот производ.
Содржината во ова упатство за корисникот може да се
разликува од производот или од софтверот понуден од
различни оператори или носачи и може да биде променет без
претходно известување. Пристапете до www.samsung.com за
најновата верзија на ова упатство.