
Информација за акриламидите
Според најновите научни сознанија, ако интензивно ја запечувате
храната, особено производите кои содржат скроб, акриламидите може да
бидат опасни по здравјето. Оттаму препорачуваме, да готвите на што е
можно пониски температури и премногу да не ги запечувате јадењата.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Исчистете го апаратот по секоја употреба.
Секогаш користете садови со чисто дно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри и абразивни средства за чистење го оштетуваат апаратот.
Од безбедносни причини, не чистете го апаратот со парочистач или
чистачи под висок притисок.
Гребаниците и темните дамки на стакло-керамиката не влијаат врз
работата на апаратот.
За да ја отстраните нечистотијата:
1. – Веднаш отстранете: растопена пластика, пластична фолија и храна
со шеќер. Во спротивно нечистотијата може да го оштети апаратот.
Употребувајте специјална стругалка за стакло . Ставете ја
стругалката на стаклената површина под прецизен агол и движете
го сечивото по површината .
– Отстранете откако апаратот ќе биде доволно изладен: прстени од
бигор, прстени од вода, масни дамки, сјајни метални дамки.
Употребувајте специјално средство за чистење на стакло, керамика
или нерѓосувачки челик.
2. Чистете го апаратот со влажна крпа и малку детергент.
3. На крајот, истријте го апаратот со чиста крпа.
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
Проблем Можни причини и решение
Не можете да го вклучите
апаратот или да ракувате
со него.
• Вклучете го апаратот повторно и нагодете ја
поставката за загревање за 10 секунди.
•
Безбедносниот уред за деца или
е во
функција . Исклучете го безбедносниот уред за
деца или
. Погледнете го поглавјето
„Безбедносен уред за деца“ или „Застани и тргни“.
• Истовремено сте допреле 2 или повеќе сензорски
полиња. Допирајте само по едно сензорско поле.
• Има дамки од вода или маснотија на контролната
табла. Исчистете ја контролната табла
Нега и чистење
53