Dil ID: 11
Dil Adı: russia
Dil Kodu: ru8tayfun Продукция бренда Rigid Industries
Dünyanın En Büyük
Elektronik Bilgi Kütüphanesi



Температура на рерната Време на исклучување
200 °C -250 °C 5,5 ч.
250 °C -максимум °C 3,0 ч.
После автоматското исклучување, допрете сензорско поле за повторно влучување на
апаратот.
Автоматското исклучување работи кај сите функции, освен кај готвење на тивка, ниска
температура, сензорот за температура на средината, времетраењето, крај и време на
откажување.
Осветленост на екранот
Има два режима на светлост на екранот:
Ноќна осветленост - кога апаратот е исклучен, осветленоста на екранот е пониска
помеѓу 22:00 и 06:00 часот;
Дневна осветленост:
кога е вклучен апаратот;
ако допрете кое било сензорско поле при ноќна осветленост (освен од
ВКЛЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ), екранот се враќа во режим на дневна
осветленост во следните 10 секунди;
ако апаратот е исклучен и го поставувате тајмерот за одбројување. Кога ќе
заврши функцијата за тајмерот за одбројување, екранот се враќа на ноќна
осветленост;
Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот за ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на апаратот. Ако го исклучите апаратот, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека апаратот не се излади.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Забелешки за чистењето:
Исчистете го предниот дел на апаратот користејќи мека крпа со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини употребете го вообичаеното средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на апаратот по секоја употреба. Потоа можете полесно да
ја отстраните нечистотијата и истата нема да изгори.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја со специјално средство за чистење печки.
Исчистете го сиот прибор за печката (со мека крпа, топла вода и течност за
чистење) по секоја употреба и оставете го да се исуши.
24 Нега и чистење